Состојки за тестото:
– 7 јајца,
– 6 лажици шеќер,
– 6 лажици брашно,
– прашок за пециво.
Состојки за филот:
– литар млеко,
– 16 лажици шеќер,
– 4 ванила пудинзи.
Подготовка:
Се матат 6 жолчки и едно цело јајце со 6 лажици шеќер. Кога убаво ќе се изматат, постепено се додаваат 6 лажици брашно измешани со прашокот за пециво. Тестото се става на хартија за печење, во голем плех. Се пече 15 минути во загреана рерна на 180Ц.
Фил:
Млекото се вари со 16 лажици шеќер и со пудинзите да се згусне. Tоплиот пудинг, се тргнува од оган и му се додаваат претходно изматените белки.
Тестото се сече на два дела. Едната кора се филува и врз филот се става другата кора, се посипува со шеќер во прав, за декорација им се додаваат зрната од калинка.
Наздравје! /Б.Б.