Мода вестиМоделиМоден мозаик

Две титули за Македонија на изборот Miss Teen Planet 2026

Ива Георгиева ја освои титулата Мис талент, а Зорана Блажевска е прогласена за Мис модел на интернационалниот избор во Бургас.

Две македонски тинејџерки освоија титули на интернационалниот избор за убавина Miss Teen Planet 2026, кој неодамна се одржа во Бургас, Бугарија. Ива Георгиева (15) од Виница ја доби титулата Мис талент, додека Зорана Блажевска (14) од Скопје беше прогласена за Мис модел.

Победничка на изборот е претставничката на Грузија. Македонија ја претставуваа двете девојки, членки на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата земја за учество на овој интернационален избор.

Организатор на Miss Teen Planet и оваа година е бугарската агенција Intersound од Софија, која традиционално го организира изборот.

 

 

You may also like

Comments are closed.