Црвениот фустан што го носи Ен Хатавеј во филмската адаптација на „Verity“ на прв поглед изгледа како совршено отелотворување на гламурот. Но неговата цена од 6.360 долари отвора едно многу поинтересно прашање: што е тоа што навистина ја оправдува оваа цена?
Токму тоа го поставува и Shopping Editor на магазинот WHO, кој не го крие изненадувањето од цената на фустанот што во филмот има значајна улога.
Станува збор за моделот Versace Viscose Liquid Jersey Draped Gown, изработен од ткаенина со ефект на течен материјал, со асиметрична силуета и драматично набрани панели што паѓаат од едната страна. На едното рамо е препознатливиот детаљ Medusa ’95 на Versace.
Инаку, филмот е адаптација на истоимениот психолошки трилер „Верити“ на американската писателка Колин Хувер, објавен во 2018 година. Романот, кој стана меѓународен бестселер, ја раскажува приказната за младата писателка Лоувен Ешли, која добива задача да ја доврши серијата книги на познатата авторка Верити Крафорд.

Caelia $200
Црвениот фустан е избран за ликот на Верити- жената која во приказната се појавува како гламурозна, самоуверена и заводлива, но зад таа слика се крие многу помрачна страна.

Juliet Slinky $169
За оние што ја прочитале книгата, црвениот фустан има и посебно значење. Тоа е фустанот што Верити го носела ноќта кога го запознала Џереми, а во книгата е опишан како „безобразно скап“. Таа го украла од Macy’s во обид да се вклопи во кругот на богатите, што дополнително ја нагласува врската меѓу изгледот, желбата и измамата во нејзиниот лик.
Но дали за ваков впечаток навистина се потребни 6.360 долари?
WHO потсетува дека сличен ефект може да се постигне и со многу пониски суми. Во изборот на магазинот се најдоа црвени фустани со асиметрични кроеви и слична силуета за 92,40 долари, намалена од 240 долари, модел за 169 долари, како и неколку фустани од околу 200 долари. На листата има и поскапи алтернативи, но ниту една не се приближува до цената на Versace.
Токму споредбата ја прави приказната интересна. Од една страна е луксузниот модел на Versace, избран за филмски лик чија појава мора да остави впечаток. Од друга се фустаните што ја имаат истата црвена, драматична и асиметрична естетика, но чинат десетици пати помалку.

Petronia $200
Не се плаќа само материјалот, кројот или изработката. Се плаќа името Versace, препознатливиот дизајн, луксузниот статус и, во овој случај, неговата улога во една од најочекуваните филмски адаптации.
Во „Verity“, црвениот фустан не е само облека. Тој е дел од приказната и симбол на внимателно создадената слика на жената што сака сите да ја гледаат онака како што таа замислила.
Затоа можеби вистинското прашање не е дали фустанот изгледа како да чини 6.360 долари, туку дали неговата приказна, потписот на Versace и местото што го доби во филмот се доволни за таа цена./M.M.






