Модни додатоциТрендови

Следејќи го ѕвездениот знак: Pandora ја претстави Talisman колекцијата

Брендот за накит Pandora ја претстави новата колекција Talisman, инспирирана од хороскопските знаци, на ексклузивна вечерна прослава во Лос Анџелес
Настанот се одржа под полната месечина, а целата вечер беше осмислена околу астрологијата и личната симболика на новата колекција. Гостите имаа можност да учествуваат во тарот читања, хороскопски рулет и искуството „Discover Your Talisman“.
Новата Talisman колекција, според соопштението за медиумите, официјално ќе биде достапна од 10 септември годинава.
Основана во Копенхаген пред повеќе од четири децении како мала продавница за накит, Pandora денес е еден од познатите меѓународни брендови во индустријата за накит, со присуство на повеќе од 100 пазари ширум светот. Препознатлив по накитот што ја нагласува личната приказна и индивидуалноста, брендот и со новата Talisman колекција ја продолжува идејата накитот да има лично, симболично значење./М.М.
Фото: Pandora Media Library

You may also like

Comments are closed.