Деветото издание на Македонија 2025 Самитот ќе се одржува од први до трети декември годинава во хибридна/ дигитална форма, преку онлајн конференциската платформа hopin.com. Поради околностите предизвикани од пандемијата КОВИД-19, Самитот оваа година за прв пат ќе се одржи во хибриден формат и ќе се фокусира на светот за време и по глобалната здравствена и економска криза. Учесниците на Самитот ќе обезбедат дискусии, познавања и размена на искуства меѓу владите, медицинските претставници, Академијата, деловните субјекти, невладини и други организации.
Самитот „Македонија 2025“ е врвен регионален собир и платформа за споделување знаења, за поврзување на организации и инспиративна промена во Југоисточна Европа.
Покрај панел-дискусиите, Самитот вклучува и инспиративни разговори со врвни бизнисмени, лидери, носители на политики и признати професионалци од областа на медицината, како и специјален настан со Претседателот Стево Пендаровски и успешните млади македонци за иновациите и кодирањето.
Билетите по цена од 20 ЕУР можат да се купат преку онлајн конференциската платформа hopin.com.