Глобалната економија се соочува со сериозен удар уште од почетокот на пандемијата Корона вирус. Епидемијата на инфекција ги погоди деловните субјекти ширум светот. Со промената на моделот на побарувачка и понуда, се смени и логистиката на набавката. Луѓето масовно поминуваат на купување преку интернет наместо да одат во продавници и тоа донекаде помогна во опстојувањето на големите брендови.
Оваа промена во стратегијата особено е усвоена ширум светот и, особено, од луксузните брендови, кои го сменија фокусот на продажбата насочувајќи се кон online платформите.
Еве ја листата на луксузни брендови кои успеале да ја задржат својата позиција меѓу првите десет брендови во светот, за 2020 година и покрај ковид пандемијата.
- Louis Vuitton
Француската модна куќа, основана во далечната 1854 година и луксузната малопродажна компанија стои на првото место на листата на луксузни брендови. Луј Витон ја задржа својата позиција со вредност на брендот од 51,777 милиони долари, како што е забележано досега во 2020 година. Марката е позната по својата палета луксузни производи – од часовници и чевли до нејзините иконски чанти.
- Chanel
Француската компанија за висока мода Коко Шанел е основана во 1910 година и е специјализирана за мода, парфеми и модни додатоци. Тековната вредност на брендот на компанијата изнесува 36.120 милиони долари,
- Hermes
Француската луксузна модна куќа Хермес е основана во 1837 година. Компанијата е специјализирана за производство на кожа, парфеми, часовници и сл. Брендот е со вредност од 33.008 милиони долари во 2020 година.
- Gucci
Италијанската луксузна модна марка е создавач на некои од најпознатите трендови во модната индустрија. Гучи е основана во 1921 година од Гучио Гучи во Фиренца, Тоскана. Марката е позната по својата мода и модни додатоци, особено чантите. Компанијата е со вредност на брендот од 27.238 милиони долари.
- Rolex
Швајцарскиот производител на часовници, основан во 1905 година со седиште во Женева, отсекогаш водел индустрија за луксузни часовници. Ролекс беше рангиран како 71. највреден бренд во светот од страна на Форбс, во 2018 година. Производителот на часовници има забележано вредност на брендот од 7.433 милиони долари во 2020 година
- Cartier
Францускиот конгломерат за луксузни производи е основан во Париз во 1847 година. Компанијата дизајнира, произведува, дистрибуира и продава накит и часовници. Картие годинава е со вредност на брендот од 5.214 милиони долари.
- Dior
Основан во 1946 година, Диор е идеја на францускиот моден дизајнер Кристијан Диор. Луксузната модна куќа е позната по својата висока мода, чанти, парфеми, модни додатоци… Диор, во 2020 година, забележа вредност на брендот од 5.117 милиони долари.
- Yves Saint Laurent
Ив Сен Лоран е основан во 1961 година во Париз. Компанијата е позната по својата висока мода, кожа, додатоци… Во 2020, вредноста на брендот на компанијата изнесува 3.972 долари и се наоѓа на осмото место на листата.
- Burberry
Модна куќа со седиште во Лондон, Бурбери е основана во 1856 година, како Британска луксузна модна марка. Брендот е познат е по одреден дезен на ткаенина, со што ја означува оригиналноста и единствена привлечност. Фокусиран на дизајнирање и дистрибуција на ready-to-wear сегмент, чанти, парфеми и козметика. Годинава Барбери забележа вредност на брендот од 3.847 американски долари.
- Prada
Италијанската луксузна модна куќа, уште од своето основање, се фокусираше на кожни чанти, патни торби и додатоци, меѓу другите луксузни предмети. Прада е создадена во Милано, во 1913 година, од модниот дизајнер Марио Прада. Во годината 2020 година, брендот на компанијата забележа вредност од 3.059 милиони долари. /M.M.