Во партнерство со Министерството за заштита на животната средина на Република Србија, Српската модна недела организира онлајн конференција наречена Свесност – циркулирај, што може да се следи на ЈуТјуб каналот на Модната недела на Србија на 30 ноември од 13 часот.
Со желба да се подигне свеста за неизбежноста на поинаков начин на работа и размислување на сите учесници во модната сцена, Модната недела на Србија, што се одржува преку Интернет оваа есен, ја вклучи оваа Конференција во својата програма, која ќе се обиде да ги осветли и разјасни односите во кружната економија.
Некои од прашањата за кои ќе стане збор се: Што точно претставува кружна економија? За каков бизнис модел станува збор и зошто е важно сите во модниот свет да се свртат кон него? Како можат научните достигнувања да ни помогнат и, конечно, – што можеме да сториме ако сакаме да живееме во хармонија со природата. / М.М.