Еклери за сладок ден

Подготовка

Првин во тенџере се ставаат да зовријат  250 мл. масло со 250 мл. вода, за потоа да се тргнат од оган. Се додаваат 250 гр. брашно, се матат  со миксер и додека смесата  непрестано се меша, постепено се додаваат пет јајца. Смесата треба да биде умерено течна. Со неа се полни шприц за потоа  на хартијата за печење да се пуштаат еклерите. Најважно е рерната да не се отвора во текот на печењето.

Bobe’s bakery

Печењето трае 20 минути, во загреана рерна на 200Ц, потоа се исклучува, но не се отвара. Еклерите се вадат после 10 минути.

Bobe’s bakery

Крем:

Литар млеко, со десет лажици шеќер, се вари до зовривање,  потоа се додава постепено претходно подготвена смеса од едно јајце матено со три лажици шеќер, пет лажици густин и 50 мл. ладно млеко. Температурата постепено се намалува, кремата се меша додека да згусне. Пред крај во кремот се додаваат две пакувања ванилин шеќер.

Се полни шприц со оладениот крем и се полнат еклери.  На пареа се топи 100 гр. чоколадо и се премачкуваат одозгора еклерите. Наздравје! /Б.Б.

Bobe’s bakery

You may also like

Comments are closed.