По 14 години стилска револуција и глобален успех, Оливие Рустен ја затвора својата страница во Balmain
Оливие Рустен (Olivier Rousteing) , креативниот директор кој го трансформираше Balmain во симбол на модернен луксуз и дигитална мода, по 14 години заминува од француската модна куќа. Официјалната потврда пристигна преку социјалните мрежи на брендот, со најава дека наследникот на Рустен ќе биде објавен во наредниот период.
Се гордеам со се што постигнав и бескрајно сум благодарен на извонредниот тим во Balmain, моето избрано семејство, како и во местото што ми беше дом цели 14 години, изјави Рустен, додавајќи дека со возбуда ја очекува следната етапа од своето креативно патување.
Главниот извршен директор на Balmain, Матео Сгарбоса, му се заблагодари за неговиот придонес, истакнувајќи дека „Оливие напиша исклучително важно поглавје во историјата на куќата и неговата страст ќе остави неизбришлива трага во светот на модата“.
Рустен, кој во 2011 година на само 25 години стана најмлад дизајнер што застанал на чело на една водечка париска модна куќа (уште од времето на Ив Сен Лоран во Dior), остави силен печат во традиционална француска модна куќа. Под негово водство, Balmain се претвори во глобален феномен со препознатлива силуета, култна врска со славните личности и продажби што од 30 милиони евра во 2012 година достигнаа приближно 300 милиони евра минатата година.
Неговото заминување доаѓа во период на промени за Balmain: имено, оваа пролет управувањето на модната куќа го презеде новиот извршен директор Стефано Сгарбоса, со што започна и ново поглавје во историјата на оваа осумдецениска модна куќа. /M.M.
Слика: Balmain




















