Специфичен режим на исхрана ветува прочистување на организмот и брзо намалување на телесната тежина
Новиот тренд доаѓа од Кина и за кратко време стана вистински хит на социјалните мрежи за сите кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми. Таканаречената „кинеска диета“ овозможува губење до пет килограми за само една седмица, а воедно го прочистува организмот од токсини и штетни материи.
Диетата се заснова на намален дневен внес на калории– од вообичаените 2.500 калории, тој се сведува на 800 до 1.000. Менито е разновидно и вклучува свежо овошје и зеленчук, риба, ориз и ражен леб, а напитоците како минерална вода, зелен чај и свежо цедени сокови од овошје обезбедуваат хидратација, како и витамини и антиоксиданти. Особено е важно што не се користат само производи достапни на секојдневната трпеза.
Пред започнување на режимот потребна е петдневна подготовка: секое утро пред појадок се пие по 400 мл ладна вода, со што се стимулира варењето и метаболизмот. За време на диетата строго се исклучени слатки, производи од брашно, кафе, алкохол и животински масти, а ограничен е и внесот на сол и зачини.
Дневниот предлог за кинеската диета би изгледал вака:
Понеделник: појадок: 150 грама свеж зеленчук (зелка), 200 мл минерална вода; ручек: 4 лажици варен ориз, салата од морков со маслиново масло, 200 мл кисела вода; вечера: 150 г варена риба, мало парче ражен леб, зелена салата, 200 мл зелен чај
Вторник: појадок: салата од морков со маслиново масло, тост од ражен леб, 200 мл кисела вода; ручек: мешана салата од морков, зелка, целер и зелена салата, парче ражен леб, 200 мл сок од јаболко; вечера: 100 г варен ориз, зелена салата, половина грејпфрут, 200 мл минерална вода
Среда: појадок: овошна салата од јаболка, круши, портокал и банана, 200 мл сок од портокал; ручек: 250 г варена шпаргла, салата од зелка со лимонов сок, парче ражен леб, 200 мл минерална вода; вечера: 250 г печурки без масло, 1 мал варен компир, 200 мл минерална вода
Четврток: појадок: јаболки, портокал, тост од ражен леб, 200 мл сок од портокал; ручек: 300 г шпаргла со ориз и босилек, јаболка, ражен леб, 200 мл минерална вода; вечера: 200 г варена риба, 2 мали варени компира, ражен леб, 200 мл зелен чај
Петок: појадок: 150 г оризова каша, 200 мл кисела вода; ручек: салата од бела зелка, ражен леб, 200 мл кисела вода; вечера: мешана салата од зелка, морков и зелена салата со маслиново масло, ражен леб, 200 мл минерална вода
Сабота: појадок: 150 г оризова каша, 200 мл сок од јаболко; ручек: 200 г варена морска риба, овошна салата од јаболка, портокал и киви, 200 мл сок од портокал; вечера: 100 г посно месо на скара, ражен леб, зелена салата, портокал, 200 мл зелен чај
Недела: појадок: овошна салата од јаболка, кајсии и сливи, 200 мл кисела вода; ручек: 150 гр. варен ориз со суви сливи и мед, 200 мл кисела вода; ечера: 150 г морска риба, салата од бела зелка, ражен леб, 200 мл. минерална вода
Доколку меѓу оброците се јави глад, препорачливо е да се испие чаша минерална вода или зелен чај.
Главната предност на овој начин на исхрана е брзиот и видлив резултат во намалување на тежината, без посериозно нарушување на рамнотежата во организмот. Сепак, нутриционистите предупредуваат дека нискиот калориски внес не е одржлив на долг рок и може да предизвика замор, промени во расположението и пад на концентрацијата. Затоа оваа диета се препорачува најмногу двапати годишно и исклучиво кај лица со добро здравје. Пред воведување на ваков режим задолжителна е консултација со лекар.

You may also like

Comments are closed.