Новата колекција и краткиот филм ги спојуваат музиката и модата.
Во светот на музиката и модата, Бијонсе повторно покажува дека знае како двете да ги спои. По успешните албуми Renaissance и Cowboy Carter, светските турнеи, наградата Греми за Албум на годината и враќањето на Destiny’s Child, пејачката сега го претстави својот најнов моден проект: тексас колекцијата создадена во соработка со Levi’s.
The Denim Cowboy вклучува само седум модели, со блузи на врзување, како и јакни и фармерки со везови во каубојски стил и со украси со кристали.
Во кусиот филм во кој е претставена колекцијата настапуваат Бијонсе и Тимоти Олифант. Во него пеачката ги носи фармерките со рамен крој 501 Curve, надополнети со потпис Beyoncé x Levi’s. https://www.youtube.com/watch?v=rCi-xr0ZxaE
Според Кени Мичел, глобалниот CMO на Levi’s, колекцијата и пратечката рекламна кампања претставуваат ново ниво на соработка со Бионсе, со која едновремено се потенцира значењето на брендот на културната сцена.
Освен The Denim Cowboy, Бијонсе учествува и во три други кампањи: Launderette, Pool Hall и Refrigerator, инспирирани од реклами на Levi’s од 1980-тите и 1990-тите. Колекцијата е претставена и со музичка подлога од песната Levii’s Jeans од Cowboy Carter, во која гостува Пост Мејлон.

You may also like

Мода вести

45 години Michael Kors

Јубилејот одбележан со пригодна кампања посветена на Њујорк и уметноста Michael Kors ја одбележа 45-годишнината од ...

Comments are closed.