
Даниел Розбери со „Future Vintage“ креира колекција со потенцијал да стане модно наследство.
Под креативната палка на Даниел Розбери (Daniel Roseberry), модната куќа Schiaparelli својата прет-а-порте колекција за летово Future Vintage ја обмисли како ретроспективна романтика за футуристичка визија.
Инспириран од идејата за создавање облека што ќе се пренесува од генерација на генерација, Розбери ја гради оваа колекција како модерен омаж на наследството на основачот на модната куќа, Елза Скијапарели (Elsa Schiaparelli), со парчиња кои веднаш се чувствуваат како наследни вредности.
Колекцијата е со силуети кои ја нагласуваат фигурата на ова лето, со прикриени корсети и спортски елементи што алудираат на историската линија „pour le sport“.
Централниот симбол на колекцијата е “Клучалка” – оригинално замислена од Елза, како детал на чанта, денес трансформирана во амблем на мистеријата и креативноста, присутна на копчињата, везовите, а особено на накитот.
Со Future Vintage, Schiaparelli уште еднаш потврдува дека модата не е само визуелна уметност, туку емоционално искуство. Како што вели Розбери: Светот можеби е хаотичен, но овде владее славеничко расположение — во чест на модата и на нејзината моќ да создава емоции./М.М.