H&M ja претстави својата најнова колекција создадена во соработка со реномираната полска дизајнерка Магда Бутрим. Женската колекција, со додатоци и накит, ќе биде достапна во одбрани продавници на H&M, како и онлајн, од 24 април 2025 година.
Партнерство со Магда Бутрим е прво во дваесетгодишната традиција на дизајнерски соработки на H&M. Акцентот , според соопштението од H&M, е на наследството и уникатниот глас на Магда Бутрим: тоа е прослава на женственоста и покана за истражување на романтичниот универзум на словенскиот стил.
Колекцијата ја користи розата како централен мотив. Според Магда, тоа е совршен симбол на женственоста, во исто време нежен и самоуверен, деликатен и независен. „Навистина ја гледам оваа колекција како покана за луѓето да ѕирнат во нашиот свет и да ја прослават женственоста и цветот. Секое парче носи свое чувство за словенска романса, притоа оддавајќи почит на историјата на нашиот бренд“, истакнува Магда Бутрим. Колекцијата ја одбележува и десетгодишнината на брендот Magda Butrym, со можност за оживување на некои од најомилените силуети.
Клучните парчиња од колекцијата вклучуваат црвен фустан со набори кој потсетува на букет црвени рози, волуменозен фустан со плетка од чипка и бордо кожно палто. Сите парчиња ја отелотворуваат суштината на колекцијата, прикажувајќи ги препознатливиот спој на женственост, храброст и сложена изработка на Магда Бутрим.
Други клучни парчиња се фустаните во карактеристични тонови на розова и црвена боја, како и впечатлив принт од роза. Фустаните ја следат линјата на телото и , споре соопштението, нудат разновиден и модерен изглед. Безвременските кроеви во црно, со нагласени раменици и жакард постава, ја покажуваат умешноста на Бутрим во архитектурата. Модните додатоци вклучуваат сандали со ремен и цвеќиња на потпетиците, впечатливи сребрени кристални обетки со цвеќиња и свилени марами кои ја реинтерпретираат полската женственост.
Според Ан-Софи Јохансон „колекцијата е полна со виталност и радост и ја претставува нејзината исклучителна способност да ја толкува современата женственост на богат и уникатен начин“./M.M.

You may also like

Comments are closed.