
На ревијата за есен/зима 2025 година, Miuccia Prada и Raf Simons решија да го испитаат поимот женственост во дефинирањето на убавината во современата мода. Во амбиент што спојува брутализам и барок, моделите ја претставија елаборираната „по убавина„ палета, дизајнирана од страна на Catherine Martin.
Miuccia Prada и Raf Simons посочија дека сакале да го продлабочат прашањето на женственоста и на убавината, што резултира со колекција која ги комбинира класичните, женствени елементи со неуредните, малку несмасни стилски детали, поставувајќи го прашањето: колку женственоста е заснована на тоа да изгледаме „соодветно“и за кого го правиме тоа?
Miuccia Prada, фасцинирана од идејата за облекува која е спротивна на машкиот поглед, во оваа колекција ја претстави својата намера да го редефинира „женскиот изглед“. Фустаните во стил на торба, сукњите со хартиен струк и преголемите јакни создадоа силуета која намерно се спротивставува на телесниот конформизам. Дури и типовите елементи на „женската“ облека беа подложени на нова интерпретација. Беа присутни машни, но изедначени до модернистички израз, а цветните мотиви беа прикажани на начин што е карактеристичен за Prada – несмасно привлечно и свесно „грубо“.
Иако колекцијата имаше елементи од раните 60-ти, преоден период помеѓу конформизмот на 50-тите и хипи времето, вистинскиот акцент беше во ексцентричните детали. На следниот линк може да се проследи ревијата за која на социјалните мрежи се искажувани различни но,воглавно, негативни мислења:
Колекцијата го поставува прашањето за тоа што значи да бидеш жена во современото општество. Дали тоа е само естетски израз, или, длабоко вкоренета претстава за начинот на кој самите се гледаме и како нè гледа општеството. Модната куќа Prada, како и секогаш, и со оваа колекција представена во рамките на миланската модна недела (Milan Fashion Week) го отвора прашањето за идентитетот во светот на модата./M.M.