Доколку размислувате да и помогнете на косата која губи сјај, еластичност и станува кршлива, природните маски за коса треба да бидат ваш избор за нега.
Рецепт за маска за нормална коса, здрава коса за да се хранат скалпот и косата.
Потребни се: јајце, чаша јогурт или млеко, неколку капки сок од лимон и две лажици маслиново масло.
Изматете го јајцето со млеко или јогурт и додадете две лажици маслиново масло. Во добиената кремаста маса, додадете неколку капки сок од лимон. Промешајте ја целата смеса и нанесете ја на косата. Користете четка за да ја нанесете рамномерно. Оставете да отстои околу 15 минути и потоа исплакнете. Користете благ шампон за миење.
Бидете внимателни и не претерувајте со сокот од лимон бидејќи може да почувствувате печење на скалпот. Лимонот за коса се користи и како природен начин за нега на скалпот. Одличен е во борбата против инфекции, го стимулира растот на косата и е богат со витамини Б и Ц.
Освен маските за коса, можете да направите и неколку други работи кои ќе го подобрат нејзиниот квалитет.
Така на пример, одбегнувајте секојдневно миење на косата. Со секојдневното миење, отстранувате природни масла од косата и кожата, со што го иритирате скалпот и ја сушите косата. Ви требаат овие природни масла особено во зима кога температурите се ниски затоа што ја одржуваат вашата коса. Сушете ја косата без фен бидејќи така ја исушувате. Доколку успеете, ќе ја зачувате косата од сушење и пукање.