Аница Солева

Почнав со 3Д модуларни оригами, тоа се фигури кои се изработени од модули кои не се лепат. Потоа, почнав со квилинг техника, лентички од хартија кои се виткаат и се прават чудесни креации. Почнав да правам и накит од хартија. Сеуште си ги носам моите први обетки. Според нив си го креирав и моето лого. 

flower envelope

Случајно на интернет видов една прекрасна слика со оригами геометриски фигури која ме воодушеви и инспирира да почнам и јас. Едноставно се заљубив во хартијата и до ден денес имам нови и нови идеи и изработки – вели Аница  Солева, ракотворец, за своите почетоци. По професија сум дипломиран одделенски наставник, но се определив за оваа креативна работа. Се почна како хоби, во 2013 година, но набрзо решив да се регистрирам како занаетчија.

Најпрво почнав со 3Д модуларни оригами, тоа се фигури кои се изработени од модули кои не се лепат. Потоа, почнав со квилинг техника, лентички од хартија кои се виткаат и се прават чудесни креации. Почнав да правам и накит од хартија. Сеуште си ги носам моите први обетки. Според нив си го креирав и моето лого. Ме релаксира, исполнува, воопшто не го доживувам како работа, туку напротив, како задоволство и среќа. Не можам да го опишам чувството кое го имам кога клиентите се задоволни и пресреќни поради тоа што сум го изработила. Посебно ми е убаво што со мојата изработка сум дел од нечиј дом.

colourfull rhombus

Основните техники ги учев од интернет, но набрзо потоа и сама си пронаоѓав различни техники. Сеуште учам, со секоја нова изработка учам нешто ново, за мене возбудливо и се трудам тоа знаење да го пренесам на другите преку моите видео туторијали.

Деновите во изолација не ми беа лесни. Немав нарачки, немав креативна енергија. А јас не функционирам ако не креирам, создавам. И повторно случајно (иако мислам дека ништо не е случајно) наидов на една група на ФБ „Креативница“ во која Александра Иванова ме инспирира да почнам и јас да го споделувам моето знаење и вештини во вид на видео туторијали на Јутјуб. Бев пресреќна!!! Научив и нови вештини за правење на видео, имам голема помош од мојот сопруг со кој задено ги правиме видеата. Среќна сум што можам моето знаење да го пренесам на цел свет. Се надевам дека ќе успеам да го монетизирам каналот и на тој начин да ја поддржам мојата креативност.

Сакам да создавам уникатни подароци од обичен лист хартија. Сакам да експериментирам со хартијата, да употребувам бои. Во креациите нема правила до кои што треба да се придржувам. Најважно е да биде уникатно и автентично.

Инспирација добивам од опкружувањето. Секој задоволен клиент е признание за мојата посветеност и тоа ми е најголема инспирација. Понекогаш идеите се од моите клиенти, тогаш ми е најубаво, заедно креираме, а на крајот сите се задоволни и среќни. Секогаш сум расположена за сугестии и критики, секој предлог е добредојден. Ми се случува понекогаш со денови да мислам како да направам една изработка, ја осмислувам, ја пренесувам на скица и потоа е лесно, рацете сами си ја довршуваат изработката.

3D card wedding bicucle

Мој личен успех се уникатните минијатурни 3Д честитки. Омилени и најтешки за изработка, кои бараат многу време, трпение и прецизност. Не можам да ги издвојам и другите изработки, накитот од хартија… Се си има своја убавина…  Треба време, трпение, љубов и креативност.  Се надевам дека еден ден, покрај задоволството и заработувачката би дошла на исто ниво. Би сакала лесно моите изработки да ги пласирам насекаде во светот.

 

You may also like

Comments are closed.