Јапонскиот производител на возила, Toyota, објави дека архитектонското студио BIG ја заврши првата фаза од изградбата на Wоven City – паметен град, дизајниран како „иднина на мобилноста“.
Woven City се гради, како што соопштија од Toyota, во близина на падините на планината Фуџи, на локација од околу 175 хектари, сопственост на Toyota Motor, во Сусоно Сити, префектурата Шизуока. Зградите за првата фаза се завршени и се очекува жителите да се вселуваат до есенва. Ќе бидат сместени 360 семејства, а официјалното представување и отворање е закажано за есенва.
Куќите, воглавно изградени од дрво и со соларни панели на покривите, се со станови со пристап до уредени тераси. Проектиран за околу 2000 луѓе, градот на иднината на Toyota ќе ги има сите придружни објекти. Имено, Woven City ќе има единици за домување, за бизнис и за малопродажба, за и на ваков начин да ја „покаже долгорочната посветеност на Toyota за обликување на иднината на мобилноста“. Неговите жители ќе тестираат возила и производи од повеќе компании, вклучително и Тојота и брендот Woven by Toyota (WbyT). https://www.woven-city.global/