Vera Wang, име синоним за модерноста, уметноста и за беспрекорен стил, влегува во нова ера: WHP Global, водечка фирма за управување со брендови, ја стекна интелектуалната сопственост (IP) над брендот Vera Wang.
Договорот на Wang и овозможува да остане вклучена во креативното насочување на брендот. Како основач и главен креативен директор, таа ќе продолжи да ја обликува иднината на Vera Wang, иако истовремено ќе се приклучи кон WHP Global, како акционер.
Wang го изрази својот ентузијазам за партнерството, истакнувајќи дека пристапот кон размислувањата за иднината на WHP Global совршено е поклопуваат со нејзината визија. Заедно ќе ги поместиме границите, вели Wang, истражувајќи ги можностите за проширување на нови категории и пазари, останувајќи верни на наследството на безвременската софистицираност што ја дефинира Vera Wang како бренд.
Yehuda Shmidman, претседател и извршен директор на WHP Global, го пофали неспоредливото влијание на Wang во светот на модата, изјавувајќи дека Vera Wang е легенда. Чест ни е, истакна тој, што заедно ќе соработуваме и ќе градење нови деловни можности ширум светот.
Оваа аквизиција доаѓа по наградата за Wang, добиена од CFDA за 2023 година, со која стана The Board of Directors Tribute, за нејзиното влијание врз модата, во категоријата невести.
WHP Global има портфолиото кое генерира над седум милијарди долари годишна глобална малопродажба на производи во доменот на модата и спортот и е добро позиционирана за дополнително да го прошири влијанието на Vera Wang.
Партнерството ветува нови возбудливи хоризонти за бренд што веќе има свое видно место во светот на модата. Имено, позната по пионерските дизајни во невестинската мода, Vera Wang веќе 30 години го гради и зацврстува своето место во американската мода./М.М.
More in:Вести
Гевгелија Мол – Ново лице на шопингот
Гевгелија Мол, новиот шопинг центар, чие отворање се очекува во летото 2025 година, ветува дека ...
Новогодишен базар во Skopje City Mall со 68 ракотворци
Во пресрет на новогодишните празници, од 15 до 31 декември, ќе биде одржан досега најголемиот ...
„Зимска бајка“ – новогодишен спектакл за деца на 22 декември
Во пресрет на новогодишните и на божиќните празници, во недела, 22 декември, со почеток во ...
За Pamela Anderson без шминка и – за храброста…
На 34-то доделување на годишните Gotham филмски награди во Њујорк присуствуваше и американската актерка Pamela ...