Isabel Sanchis годинава ја завршува со силна и едновремено заводлива есенско-зимска колекција во која шпанската дизајнерка генерира креативен дијалог меѓу облеката и гледачот.
Модната куќа од Валенсија, предводена од креативното дуо на мајка и ќерка – Isabel Sanchís и Paula, претстави колекција која ја слави природата, како и виртуозната изработка, останувајќи верна на таквата суштината на брендот.
Колекцијата црпи инспирација од земјата и природата, спојувајќи ги отпечатоците од лисја и дрвја со нежни, безвременски везови. Впечатливите асиметрични отвори на дизајните, додаваат допир на сензуалност и софистицираност, нагласувајќи ја карактеристичната женственост на брендот од Валенција. Додатоците, изработени со занаетчиско мајсторство, го надополнуваат изгледот, внесувајќи чувство на рафинираност.
Со оваа колекција, Isabel Sanchis ја потврдува својата позиција на еден од водечките брендови на шпанската модна сцена, на која ја комбинира безвременската убавина на класичното, со иновативноста и врвната изработката. Женственоста и природата заземаат централно место на пистата, докажувајќи дека елеганцијата може да најде врската со чиста, автентична околина.
Isabel својата дизајнерска кариера ја започнала во 90-тите, кога создавала за своите пријатели, во мало ателје, во родната Валенција. Во 2010 година, Isabel Sanchis почнува да ја развива својата модна куќа, за сега да е приутна во повеќе од 40 земји ширум светот.


You may also like

Comments are closed.