
Во сабота, на концерт „Македонијо, во срце те носиме“, во Македонската филхармонија, ќе биде изведена уште една песна од опусот на легендарниот Гоце Николовски. По „Има една земја“, публиката ќе има можност да ја чуе и „Како Пиреј“, во интерпретација на Ламбе Алабаковски. Оваа песна Николовски ја отпеа во 1994 година, на „Фолк фест Валандово“.
Освен „Има една земја“ и „Како Пиреј„ на сцената ќе биде изведена и „Молитва“ , на авторот Миле Барбаровски, што ќе ја отпее Бојана Скендеровски.
Во придружба на Симфонискиот оркестар, ќе бидат изведени и 12-те песни кои беа исполнети и на 18-те концерти реализирани во сите поголеми градови низ земјава.
Најубавите македонски патриотски песни ќе бидат во изведба на Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, ДНК, Наум Петрески, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Андријана Јаневска, Марија Спасовска, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски.
Познатиот музичар и композитор Никола Мицевски веќе ги прави оркестрациите за песните, а со оркестарот ќе диригира Сашо Татарчевски. Водител ќе биде актерот Дејан Лилиќ.
Концертот ќе се снима и видео и аудио, билетите се во продажба, преку мрежата на www.kupikarta.com , по цени од 1000 и 1400 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.