Завршниот концерт на двегодишниот музички проект “Македонијо во срце те носиме” ќе се случи на седми декември, во големата сала на Македонска филхармоја, во Скопје, со почеток во 20 часот. Во придружба на Симфонискиот оркестар, ќе бидат изведени 12 песни кои беа исполнети и на 18-те концерти реализирани во сите поголеми градови низ земјава, како и три нови преработки.
Една од новите преработки е со наслов „Има една земја“, песна создадена од Григор Копров, отпеана во далечната 1986 година, од легендарниот Гоце Николовски. На сцената на Македонска филхармонија сега ќе биде отпеана во дует – од Сузана Спасовска и Александар Тарабунов“, велат од Скендеровски продукција, инаку задолжени за целата ова убава приказна.
Освен „Има една земја“, на сцената ќе ја чуеме и „Молитва“ , на авторот Миле Барбаровски, што ќе ја отпее Бојана Скендеровски.
Најубавите македонски патриотски песни ќе бидат во изведба на Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, ДНК, Наум Петрески, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Андријана Јаневска, Марија Спасовска, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски.
Познатиот музичар и композитор Никола Мицевски веќе ги прави оркестрациите за песните, а со оркестарот ќе диригира Сашо Татарчевски. Водител ќе биде актерот Дејан Лилиќ.
Концертот ќе се снима и видео и аудио, билетите се веќе во продажба, преку мрежата на www.kupikarta.com , по цени од 1000 и 1400 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
More in:Вести
Роденденски попуст од МТЕЛ
Во месецот кога МТЕЛ го одбележува својот роденден – три години успешна работа на македонскиот ...
Пригоден попуст на свечените фустани на Monika Dimova
Monika Dimova за овој Black Friday нуди ексклузивни попусти на целата колекција свечени фустани. Облеката ...
Пожарникарите и Стојанче Ангелов, директор на ЦУК, се избрани за „Мажи на годината 2024“
На седмото издание на престижната манифестација „Мажи на годината“, одржана во Националната Опера и Балет, ...
Банана уметноста на Mauriciо Katelanо продадена за 6,2 милиони долари!
Делото Comedian на италијанскиот уметник Maurizio Katelano, кое стана вирално поради својата провокативна едноставност – ...