Убавина вестиУбавина и здравје

Јулијана Ѓорѓиевска Miss Europe на изборот на Queen of Eurasia 2024

На изборот за Кралица на Евроазија 2024 (Queen of Eurasia 2024),  што се одржа во Анталија, Турција, титулата Miss Europe, односно Кралица на Европа, ја освои нашата Јулијана Ѓорѓиевска, 26 години, од Крива Паланка.

На изборот таа ја претставуваше Македонија, во конкуренција на 30 девојки, од исто толку држави од Европа и Азија.

Во театарот во Анталија, кадешто се одржа изборот, титулата Кралица на Азија и припадна на претставничката на Египет, а вкупна победничка е девојката од Русија.

Нашата Јулијана, која гордо ја претставуваше Македонија,  дел е од Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина.

Ова беше десетто, јубилејно издание на Queen of Eurasia, одржано во организација на агенцијата Eurasia Stars Empire, од Москва, Русија.

 

 

 

You may also like

Comments are closed.