Гумените бомбони со CBD можат да бидат корисни за справување со стресот и анксиозноста. Имено, истражувањата сугерираат дека дозите од 300 mg до 600 mg CBD може значително да ги намалат споменатите состојби.
Последниве години забележан е брз пораст на истражувања за CBD и на неговите потенцијални здравствени придобивки. Неколку студии сугерираат дека маслото од CBD и други производи со CBD, како гумените бомбони, може да бидат корисни кога се во прашање симптомите на депресија.
CBD е природно соединение кое се наоѓа во растението канабис. CBD не предизвикува психоактивни ефекти на марихуаната, затоа што не содржи тетрахидроканабинол – THC.
Корисниците говорат за олеснување и релаксација по користењето на гумените бомбони со CBD. Исто така, некои производи содржат дополнителни смирувачки состојки, како што се ашваганда или л-теанин, кои можат да ја подобрат ефикасноста.
Истражувањата за ефектите на CBD врз анксиозноста сугерираат дека CBD може да има позитивно влијание, особено врз рецепторите за серотонин во мозокот. CBD се покажа и како брзо-дејствувачки антидепресив, со помалку несакани ефекти во споредба со традиционалните антидепресиви.
Сепак, важно е да се забележи дека ефективноста може да варира од личност до личност, па затоа се препорачува консултација со лекар пред да се користат CBD производите./М.М.

You may also like

Comments are closed.