SKIMS и Dolce&Gabbana создадоа нова колекција која, според соопштението, го спојува италијанскиот раскош на D&G со комфорот и ласкавиот дизајн на SKIMS. Оваа ексклузивна линија вклучува долна облека, ноќна облека и панталони, која треба да започне на 19 ноември, ќе биде достапна на SKIMS.com, во продавниците на SKIMS и во избраните бутици Dolce&Gabbana.
Соработката ја спојува смелата, максималистичка естетика на Dolce&Gabbana со фокусот на SKIMS на фит и инклузивност.
Kim Kardashian, која долго време е обожавателка на Dolce&Gabbana, ја носи својата единствена визија во колекцијата, по нејзината соработка во 2022 година со брендот, насловена како „Ciao Kim“. Колекцијата повторно ги замислува класичните D&G силуети со неверојатна удобност, по која е познат SKIMS, со препознатливи отпечатоци, како леопард, и дизајни што го гушкаат телото. Видео претставувањето е на следниот линк :

Снимена од Nadia Lee Cohen, во кампањата се појавуваат Kim и Kourtney Kardashian Barker во поставки инспирирани од Италија, прикажувајќи ги луксузните детали на колекцијата, од суптилни логоа до префинети текстури. Со големини кои се движат од XXS до 4X и градници од 30A до 38DD, оваа соработка ја опфаќа телесната позитивност и инклузивноста, нудејќи нешто за секоја форма и големина. Како што Domenico Dolce и Stefano Gabbana објаснија, оваа колекција е родена од пријателство и зардничките вредности на инклузивност и зајакнување, кои се централни за SKIMS./М.М.

You may also like

Comments are closed.