Американската моделка и актерка Emily Ratajkowski стана нов амбасадор на италијанскиот бренд за долна облека, Intimissimi. Поврзувањето го означува и лансирањето на новата Couture de Nuit линија, курирана од самата Emily.
Таа го спојува комплетот долна облека со деликатно кимоно од тантела. Елегантните детали од тул украсени со светки го издигнуваат дизајнот на тантелата на ново ниво.
Во придружниот филм, Emily го покажува комплетот, истакнувајќи ја врвната удобност и сензуалноста.

Ratajkowski ги следи стапките на Jennifer Lopez, која беше прогласена за амбасадор на глобалниот бренд на Intimissimi во 2023 година.
За Emily новата улога е остварување на сонот. Според неа, Intimissimi ги слави жените и женственоста на така инспиративен начин, што и самата е возбудена што е вклучена во претставувањето на брендот ширум светот./М.М.

You may also like

Comments are closed.