ВестиКултура на живеење

Од утре во Скопје Сити Мол „Фестивал на чај“

Со слоганот „Време е за чај“, од утре до 17 ноември, на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе се одржува „Фестивал на чај“. Фестивалот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „ Експедиција Природа“ и Скопје Сити Мол.

На четиридневниот фестивал, на кој ќе се претстават 30-тина учесници, посетителите ќе имаат можност да дегустираат и купат чаеви, продукти од ароматични билки, есенцијални масла и повеќе да дознаат за добрината на природата, традицијата, културата и моќта на лековитите билки.

Предвидено е одржување на едукативна трибина, како и на работилниците: „Фитоклиника“и „Wellness Фитоарома терапија – face yoga“. Церемониите на чај ќе биде презентирана од  турскиот Институт „Јунуз Емре“ и пд кинескиот Институт „Конфуциј“ при УКИМ.

Со едукативно катче ќе се претстави и „Ботаничката градина“ при ПМФ од Скопје и студентите од ИДСБ (Истражувачко друштво на студенти биолози), кои ќе ги презентираат македонските билки, науката и младиот потенцијал биолози. Во научното катче, децата и возрасните ќе можат заедно со ИДСБ да истражуваат хербариум, инсектариум и преку бинокулар (стереоскопски микроскоп) да ја погледнат димензијата на минијатурните семиња.

Во уметничкото катче „Градина“, децата ќе имаат можност да уживаат во сликањето, заедно со уметницата Сања Јовановска.

Фокусот на фестивалот е автентичноста што природата ни ја дава  преку билките, природната медицина – лековитите билки, од кои се подготвуваат чаеви, есенцијални масла и сапунчиња, препарати за здрав живот, мевлеми и чајни колачи од билки, шумски плодови, путери и масло од лешници и мармалади. Посебен простор е резервиран за пчелини производи, како природниот мед и козметика од мед и пчелини производи за поздрав живот. Неколку уметници и ракотворци ќе го дообојат фестивалот со рачно изработени чајници и филџани за чај. Посетителите ќе имаат можност од производителите на чаеви да добијат совети за поздрав живот и есенцијални масла од ароматични и лековити билки./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.