Chanel ја претстави најновата кампања за колекцијата Coco Neige 2024/25, која е снимена во домот на легендарната Gabrielle “Coco” Chanel. Снимателот, Juergen Teller, ја пренесува елеганцијата на зимскиот спортски стил и класичната елеганција, со моделот Loli Bahia во главната улога.
Колекцијата Coco Neige го отсликува духот на зимата, со акцент на естетиката на après-ski која е присутна во Chanel од средината на 20 век, кога дестинациите како Сент Мориц и Аспен станаа омилени места за модните авантуристи. Gabrielle Chanel, страствена скијачка, воведе луксуз во скијачките спортови, сметајќи дека стилот не мора да биде компромитиран дури и во најстудените услови. Оваа филозофија продолжува во колекцијата Coco Neige 2024/25, која е вистинската облека за идните љубители на планините покриени со снег, но и за оние кои сакаат да внесат допир на луксуз во зимските денови.
Во средиштето на кампањата е контрастот помеѓу историската локација – домот на Chanel и модерниот стил на моделот Loli Bahia. Поминувајќи низ препознатливите простории на домот на Gabrielle Chanel, Bahia ја отелотворува француската елеганција и непретенциозниот шарм. Позадината со Art Deco елементи како и скалите со огледала, станаа икона на куќата Chanel.
Колекцијата комбинира ретро инспирација, особено од 1970-тите, со иновативни материјали и технологија. Coco Neige не само што претставува нова колекција, туку го изразува и непроменетиот стил на куќата Chanel, која ги комбинира препознатливите елементи од минатото и футуристичката функционалност.
Coco Neige носи нова функционалност за секој момент на снегот, во стил што е непогрешливо препознатлив и безвременски./М.М.

You may also like

Comments are closed.