Од утре до 28 октомври, Културниот Центар Лабораториум во Скопје ќе биде домаќин на 29-то издание на Моден Викенд Скопје што годинава се одржува под мотото „Fashion Forever“.
Ова издание ќе биде фокусирано на иновациите и одржливоста – теми кои ја обликуваат иднината на модната индустрија. Со особен акцент на креативната интерпретација, настанот ќе служи како платформа каде локалните таленти ќе се сретнат со глобалните трендови, додека традицијата и футуризмот ќе се преплетуваат во уникатен моден концепт.
Модниот Викенд Скопје донесува бројни изложби, креативни панели и модни ревии. Ќе започне со специјална изложба, курирана од Амбасадата на Кралството Шведска. Изложбата, насловена како „Fashion. Forever“, ќе го нагласи значењето на циркуларната економија, на еволуција на модната и на текстилната индустрија, прикажувајќи ги најновите трендови, бизнис моделите и иновативните алатки.
Главниот акцент е поставен на одржливата мода, креирањето нови визии за модната иднина и ангажирањето на млади таленти кои, преку свои уникатни решенија ќе покажат дека модата може да биде еколошки свесна. Секој чекор е инспириран од идејата дека модата е вечна, но секогаш прилагодлива кон предизвиците на новите времиња./М.М.
More in:Мода вести
Модната недела на Perwoll започна со модно патување на Слаѓана Милошевиќ
Есенската, 54-та по ред модна недела на Perwoll синојќа во Белград е отворена со модно ...
Уметничка Изложба на Warm Metal и Хуго Виндер-Линд
Во рамките на годинешното издание на Моден Викенд Скопје, на 25 октомври, во Лабораториум, ќе ...
Обиди се – порака од 54. Perwoll Fashion Week
Есенскиот, 54. по ред Perwoll Fashion Week ќе се одржува од 17. до 25. октомври ...
Gap и Cult Gaia создаваат за модерната божица
На изненадување за љубителите на модата, Gap се здружи со Cult Gaia за да создадат ...