Продолжете ја младоста – патувајте – науката вели дека луѓето који патуваат изгледаат помладо.
Според најновата студија на австралискиот Универзитет Еdith Сowan, патувањето може да ја продолжи младоста. Истражувањата сугерираат дека честите патници не само што изгледаат помлади, туку и се чувствуваат помлади.
Основната премиса на оваа студија е дека „километражата“ е поважна од возраста. Зачестеноста на патувањата придонесува за менталното и физичкото здравје, го подобрува квалитетот на сонот и овозможува вклучување во различни активности. Патниците се соочуваат со нови предизвици, што ја зајакнува нивната снаодливост и способност за планирање.
Освен тоа, патувањето ги збогатува животните искуства. Запознавањето со нови луѓе, култури и обичаи развива љубопитност и креативност, обезбедувајќи незаборавни авантури кои се прераскажуваат.
Главниот автор на студијата, Fangli Hu, истакнува дека туризмот не е само одмор и рекреација, туку и значаен придонес за физичка и ментална благосостојба. На секое патување, искуствата надвор од зоната на конфорот помагаат да се ослободите од рутината и заморот на секојдневниот живот.
Како заклучок, патувањето е повеќе од само одмор; тие се клучот за зачувување на виталноста и на личниот развој. На патувањата човек се чувствува послободно и поопуштено затоа што се сретнува со луѓе од други култури, навики, хумор…така секое патување е празник за умот и телото./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.