ВестиКултура на живеење

Во сабота јубилејна 20-та „Бела ноќ“ во Скопје

Во сабота, петти октомври, на неколку локации низ Скопје, ќе биде одржана јубилејната, 20-та „Бела ноќ“, настан кој претставува симбол на културно-уметничкиот живот на скопјани и со низа активности секоја година ја збогатува понудата на културно-уметничките настани во градот.
Скопјани и посетителите ќе имаат можност да уживаат во театарски спектакл на отворено, како и на повеќе музички настани, изложби, проекции, работилници и други културно-уметнички перформанси.
Централната манифестација ќе започне со настап на француската театарска група „Compaigne des quidams“, со дефиле и спектакл на отворено што ќе започне од Музејот на град Скопје, преку улица Македонија, Плоштад Македонија, преку Камени мост па се до паркот Ибни Пајко, каде завршува со 3Д мапинг.
Освен театарскиот спектакл, ќе се одржи и концерт на ученици од музичкото училиште „Ентерпрајз“ на истата локација, а на „Школка“, во Градски парк. ќе се одржи поп рок концерт на Култи Ватор. Во клуб ресторан МКЦ ќе се одржи меѓународен фестивал на електронска музика, со настап на Ди џеј Томи Бојаџи (Македонија), ди џеј Dee (Србија), ди џеј Geri Kacerija (Албанија) како и видео артистот Петар Џон.
Целосната програма со распоред, локации и учесници може да се погледне на следниов линк: www.univerzalna.com.mk/belanok. Сите настани се од отворен карактер и се бесплатни за посетителите./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.