Почетокот на Модната недела во Њујорк (New York Fashion Week) го одбележа ревијата на LaQuan Smith на која беше претставена неговата пролетно-летна смела, секси колекција за 2025 година.
LaQuan Smith и во оваа прилика ги донесе во прв план својата препознатлива, специфично-смела елеганција со провокативни дизајни и визија за пролет со продолжени бодија и блескави куси фустани.


Во средиштето на колекцијата се модели изработени од иновативна ткаенина, позната како “transparent horse”, совршена за, како што вели Smith, дождливо ноќно рандеву. Ниските широки панталони, присутни и во машките и во женските изгледи се надополнети со боди кои, најчесто, се само скудни ленти или врвки, одразувајќи ја желбата на Smith да ја долови суштината на својата муза. Во таа насока се и за дизајнерот новите, разиграни елементи, со мини фустани од тексас и од органза.


Размислувајќи за својата филозофија во дизајнер, Smith заклучува дека и оваа колекција е во знакот на надградена доследност, иако тој самиот вели дека ниту е едноставен, ниту доследен. Но, неговата муза секако е тоа.
Пролетно-летната смела, секси колекција LaQuan Smith за 2025 година е потврда за талентот на дизајнерот да создаде модерна, сензуална и провокативна облека која нема, како досега, да биде исклучиво за вечерните часови./М.М.

You may also like

Comments are closed.