Кога на 11 септември ќе го прослави својот 90. роденден, легендарниот италијански дизајнер Giorgio Armani ќе го направи тоа среде пробите за голем моден настан што го планира за во Њујорк, во октомври годинава.
Имено, Giorgio Armani планира големо враќање во Њујорк – ќе ја претстави новата колекција за пролет/лето 2025 и ќе го отвори своето ново импресивно здание на Медисон авенијата.
Новото Armani здание ќе има бутици, ресторан и резиденцијални делови и ќе биде свечено отворено со гала настан насловен како “One Night Only”, што инаку дизајнерот ги организира во метрополите ширум светот.


Последниот моден настан во Њујорк Armani го има реализирано пред 11 години кога, во присуство на околу 700 гости, направи моден спектакл на реката Хадсон.
Њујорк е град кој одигра клучна улога во мојата кариера и со кој имам посебен однос, изјави Armani. Отворањето на зградата на авенијата Медисон претставува важен личен и професионален момент, бидејќи го обединува мојот стил со местото кое беше едно од првите што го прифати мојот дизајн.
Ревијата пролет/лето 2025 година ќе биде претставена на 17 октомври, а Armani следната сезона ќе се врати на модната недела во Милано. Овој спектакл, кој доаѓа како дел од прославата на 90-тиот роденден на Armani и 50-годишнината од неговата модна куќа следната година, се очекува, како и досега, да остави силен впечаток во светот на модата./М.М.

You may also like

Comments are closed.