Orebella, брендот за мириси на моделот Bella Hadid, представен пролетва со три парфеми го доби и четвртиот – Nightcap.
Orebella, со основањето, во март годинава, ги представи мирисите Salted Muse, Blooming Fire и Window2Soul. Четвртиот, Nightcap, според соопштението од брендот е мирис совршен за девојки кои сакаат и малку зачин во својот живот.

Главните ноти на Nightcap се ѓумбир, зачин од кардамон и дрво гуајак; средните и основни ноти се ванила, цистус, сандалово дрво и пачули. Брендот го опишува мирисот како „сладок, топол и зачински“.
Во интервјуто за магазинот ELLE, Hadid за новиот „ванила„ парфем вели трите мириси што ги лансирале пролетва биле како прекрасно мало семејство, додека Nightcap е „Lone Ranger“. Тоа е силен и интензивен мирис и треба да застане сам. Тоа беше првата идеја што ја имав пред шест години и првично сакав тоа да биде прв мирис на Orebella.


Orebella мирисите брзо станаа популарни благодарение на уникатните формули на база на масло. Nightcap има и единствена, двојна формула – за парфемот да се „покрене„ треба да се протресе.
Nightcap ќе биде во продажба кон крајот на месецов./М.М.

You may also like

Comments are closed.