Новиот Eros Energy на Versace го редефинира концептот на мажевноста: инспириран од грчкиот бог на љубовта, овој интензивен и сензуален мирис е за хероите на современото време.


Versace со години создава некои од најфасцинантните мирисни наративи, а низ комбинација на традицијата со модерноста, ја претставува и најновата верзија на својата Eros Energy линија. Овој мирис, инспириран од митскиот Ерос, претставува своевиден манифест на модерниот човек, исполнет со сензуалност и елеганција. Исто како и Channing Tatum, амбасадорот на новиот мирис.
Од создавањето во 2012 година Versace Eros ги освојува мажите, а овој најнов мирис ги води во нови сензуални авантури. Eros Energy се отвора со бергамот и портокал; во средните ноти се црвениот бибер и црната рибизла; во долните ноти се надополнува со пачули, храстов мов и мошус. Парфемот е спакуван во шишенце во интензивно жолто боја, со Медуза, симбол на брентот.
Амбасадор на новиот парфем е Channing Tatum, актер кој стана повторно популарен со филмот Fly Me to the Moon и човек кој поседува сила, решителност и шарм, со што совршено се вклопува во сликата на модерниот Erosa на Versace./М.М.

You may also like

Comments are closed.