Со години, ZangDeal е место за претставување на стотици нови производи и на приказните за нивно создавање. На листата на најновите е и производ што веројатно ќе им се допадне на љубителите на виното – нешто што ќе им овозможи уживајте, без т.н.„винска„ главоболка.
Уживајте во виното без главоболка – порачуваат изумителите на волшебното стапче наречено The Wand. Имено, Д-р David Meadows и неговиот син Derek и самите страдале од вакви реакции, па поминале две години во лабораторија, барајќи начин да го решат проблемот и да им помогнат на другите.
Доколку го сакате вино, но тоа не ве сака, не сте сами. Главоболки, притисок во синусите, вознемирен стомак, црвенило на кожата… можеби ќе се изненадите кога ќе откриете дека сулфитите и хистамините кои се наоѓаат во сите вина можат да бидат виновниците, порачуваат изумителите.
„Еурека“ моментот дошол еден ден кога во лабораторија нашле прецизни средства за селективно отстранување на хистамините и сулфитите, без промена на хемијата на виното. Едновремено открија и дека отстранувањето на хистамините и сулфитите со горчлив вкус ги подобрува вкусовите и аромите на виното.
Д-р David Meadows и неговиот син Derek откритието го претворија во СWand – стапче за мешање со кое се прочистува виното без да се отстранат здравите антиоксиданси
Патентираната технологија за прочистување на The Wand користи зрнца од смола за активно апсорбирање до 95% од сите сулфити и хистамини од виното. Всушност, тоа е единствен производ на пазарот што може да ги отстрани двете соединенија!
The Wand стапчето почнува да прочистува штом ќе дојде во допир со виното. Колку подолго го оставате, толку подобро делува! Можете дури и да мешате за да го проветрите виното и да го забрзате процесот на прочистување.
Виното е полно со природни антиоксиданси, феноли и танини, за кои е познато дека помагаат во намалување на холестеролот, го регулираат шеќерот во крвта и го подобруваат здравјето на срцето. Со селективно отстранување само на сулфитите и хистамините, The Wand ги остава „здравите работи“ во вашата чаша за да можете целосно да уживате во придобивките без никакви несакани ефекти!/М.М.
Деталите за волшебното стапче се тука.