Британскиот Lush ја претстави својата нова концептуална библиотека – продавница за парфем во Лондон. Потрошувачите се поканети да истражат ексклузивен избор од 12 нови парфеми, достапни само на оваа локација. Ексклузивни ќе бидат и јакните од веганска кожна намирисани со ново масло за облека.
Првата концепуална библиотека за парфеми има за цел да ја истакне богатата историја на парфимеријата на британскиот бренд за малпродажба Lush. Посетителите можат да се консултираат со експерти за мириси, за да откријат нов мирис прилагоден на нивните преференции.
Новата колекција содржи мириси изработени од тројца парфимери во куќата на Lush: ко-основачот Marek Constantine и парфимерите Emma Vincent и Alina Glivinska.
Според новиот концепт, во понудата ќе се најдат и книги кои ги инспирирале парфимерите на Lush. Освен новите парфеми, понудата подразбира и постојната палета на мириси на Lush, како и ограничен избор на нови спрејови за тело, достапни пред официјалното отворање на први август. Lush е познат по своите етички и иновативни производи. Од основањето, во 1995 година, Lush е посветен кон создавање рачно изработена козметика, како и кон одржливоста./М.М.
More in:Убавина вести
Les Essences de Diptyque – Нова колекција на луксузни мириси
Diptyque Paris, познат по своите миризливи свеќи и несекојдневни мириси, ја лансираше својата најнова колекција, ...
Rihanna и Dior – нова ера за J’Adore
Новата рекламна кампања на J’Adore парфемот на Dior со Rihanna, во режија на Steven Klein, ...
Nightcap – нов Orebella парфем на Bella Hadid
Orebella, брендот за мириси на моделот Bella Hadid, представен пролетва со три парфеми го доби ...
Versace Eros Energy : нова верзија на култниот машки парфем
Новиот Eros Energy на Versace го редефинира концептот на мажевноста: инспириран од грчкиот бог на ...