Креативниот директор на Schiaparelli, Daniel Roseberry и уметникот F Taylor Colantonio креираа надреалистички мебел од бронза, кожа и свила. Создадениот скулптурен мебел го носи печатот на Schiaparelli, макар што ги изненадува познавачите на креативниот опус на Roseberry, кој се смета за врвен моден креатор во светот.

Соработката со Colantonio има за цел продолжување на врските на брендот со уметниците, иницирани уште од основачот, Else Schiaparelli за да се дизајнираат објекти кои живеат помеѓу надреализмот и функционалноста, едновремено заматувајќи ги границите помеѓу уметноста, дизајнот и високата мода. Француската куќа за висока мода Schiaparelli е основана во 1927 година.
Појдовната инспирација била неокласична тема – Toaleta Venerа, мотив популарен во шеснаесетиот век.
Парчињата се изработени од сирова, непаттинирана бронза и покриени со свилен вез. Бронзата е излеана во Италија, техника наречена изгубен восок, метод кој вклучува создавање на реплика на скулптура од гипс или глина за да се создаде мек калап во кој се истура стопениот восок. Свилениот вез со потпис и облогите од позлатена кожа се дизајнирани од Roseberry./М.М.

You may also like

Comments are closed.