Екстериер - ЕнтериерКултура на живеење

IKEA ја претстави првата колекција за домашни миленици

Новата колекција на IKEA, наречена UTSÅDD, има за цел да ги разубави животите на мачките, кучињата и на луѓето кои ги сакаат. По двегодишна работа и одобрение од група мачки и кучиња, како што посочуваат од брендот, UTSÅDD влегува во домовите ширум светот.
UTSÅDD е развиен со учество на ветеринари, експерти за производи за домашни миленици и групи на мачки и кучиња, за да се обезбеди релевантноста на секој производ. Оваа збирка содржи 29 производи и е базирана на истражување на секојдневниот живот, однесувањето и преференциите на мачките и кучињата дома, а фокусот е на четири различни активности: јадење, спиење, играње и криење.


Со UTSÅDD, IKEA има за цел да го поедностави и разубави животот дома со домашните миленици со тоа што ќе внесе весели решенија кои лесно се чистат, отпорни се на секојдневна употреба и лесно се вклопуваат во секој дом.
Безбедноста на домашните миленици е дадена како приоритет, во сите фази од развојот на UTSÅDD и тоа од повеќе аспекти. Формулирани се протоколи со проценки на ризик, врз основа на спроведено истражување, со оценки од претходните колекции за домашни миленици и повратните информации од ветеринарни и експертски партнери за производи за домашни миленици. Протоколите вклучуваат и периодични хемиски, механички и физички тестови за безбедноста на сите UTSÅDD производи./М.М.

Comments are closed.

Next Article:

0 %