Меѓу предлозите за летово е и колекцијата Crystal Orbit на Christopher Esber. Дизајнерите на елитната модна куќа во оваа колекцијата мат ликрата ја имаат споено со скулпурален додаток – украсот со природен камен, создавајќи хармонија помеѓу урбаниот стил и органската убавина.
Секоја креација од колекцијата претставува совршен спој на човекот со природата, нудејќи совршен моден израз за летните одмори.
Од впечатливи фустани до оригинални костими за капење, колекцијата Crystal Orbit на Christopher Esber обезбедува незаборавно искуство кое сигурно ќе ги плени љубителите на модата./М.М.