Во претставените колекции на модната недела во Шангај (Shanghai Fashion Week) доминираа класични парчиња и детали, вклучувајќи ја и традиционалната кинеска облека, со модерни силуети и кроеви.
Севкупно гледано, дизајнерите како да беа решени моделите да ги облечат во долги, лелеави тоалети, ревитализирајќи го трендот на бурните 20-ти. Имаше и колекции ориентирани кон Gen Z, како што е лежерната, но експресивна линија на Markgong со ставот „не ми е гајле“.
Добро утро Шангај
Се чинеше дека е доминантна идејата на брендовите кои го донесоа Y2K трендот на стилизирање на неглижето како врвна забава. Наместо „свежи од кревет“, мотото во Markgong беше повеќе на линијата „штотуку станати од кревет“. За својата колекција „The Heartbreak Club“, брендот, основан во Њујорк во 2018 година, на модната писта испрати модели во ноќни фустани од чипка, со стилизирани бунди, како и свилени пижами кои станаа панталони.
Најважниот „it“ додаток беше маската за спиење, која лежерно се носеше на разбушавена коса. Брендовите како Assignments и Xiaoli, исто така, изложија долги фустани кои потсетуваа на ноќна облека преку употреба на свилени, лелеави ткаенини.
Новите „Златни дваесетти“ стигнаа до Кина
Jacques Wei, Le Fame и Cplus Series представија покласични колекции, поподготвени за забава, со елегантни ноќни фустани кои потсетуваат на забавите од 1920-тите. Изгледите беа комбинирани со ракавици до лакти, обетки и ѓердани, надополнети со шалови од крзно. Додека новите „Златни дваесетти“ во западниот свет се појавија пред три години, како тренд по короната, сега се чини дека пристигнуваат и во Кина.
На Модната недела во Шангај и темата на традицијата имаше значајна улога. На модниот саем во Шангај (Chic fashion fair), што се одржува во рамките на модната недела, фустаните со класични кинески елементи беа комбинирани со свежи кроеви.
Колекции од тексас
Брендовите како што се Cplus Series, Xiaoli и Markgong докажаа дека на друго место работите можат да бидат и малку порелаксирани, со лежерни тексас облеки од два дела кои се појавуваат на модната писта, со изглед прилагоден за забава. Трите етикети покажаа многу различни пристапи – од широк стил во посветла сина боја до костум верзија и сиво-зелена облека за моторџии.
Xander Zhou е еден од ретките дизајнери на машка облека во Шангај. Во својата колекција за есен/зима24 насловена како „Sciremony“, дизајнерот пренесе футуристичко видување на мистериозна, романтична естетика. Фокусот е на свечената облека што ја нагласува асиметријата и скулптурните детали.
Машката колекција на Xander Zhou