Alessandro Michele e именуван за креативен директор од Jacol Venturini, извршен директор на Valentinо, со кој порано работеле во Gucci. Michele ќе ја преземе новата функција на втори април, а првата колекција со која ќе се појави во јавноста ќе биде наменета за пролет/лето 2025, за Paris Fashion Week, во септември годинава.
Во изјава за медиумите, Alessandrо Michele рече дека чувствува голема радост и голема одговорност што се приклучува на куќата на couture. Venturini ја изрази својата возбуда што повторно ќе соработува со Michele, додавајќи дека реинтерпретацијата на модните кодови на куќата и наследството на Valentino Garavani, заедно со визијата на Alessandro носат големи емоции што ќе се претвораат во неодоливо посакувани предмети.
Назначувањето на Michele, според зборовите на претседателот на Valentinо, Rachid Mohamed Rachid, ги нагласува големите амбиции на модната куќа.
Откако се повлече од Gucci, кон крајот на 2022 година, Michele беше предмет на бројни шпекулации околу тоа која модна куќа ќе ја преземе. Се спомнуваа Bulgari и Givenchy, во скоро време и Dries Van Noten, кога сопственикот на брендот го најави своето заминување од позицијата креативен директор./M.M.
More in:Вести
Esprit Europe пред банкрот
Esprit Europe и шест други компании од модната групација до судот во Дизелдорф поднесоа барање ...
Baby Lasagna ја одби наградата – причината е за пофалба
Baby Lasagna ја одби наградата од 50.000 евра од државата Хрватска за освоеното второ место ...
Светскиот ден на семејството БИМИЛК го одбележува со семинар воден од д-р Ранко Рајовиќ
По повод одбележувањето на 15 мај – Светски ден на семејството БИМИЛК ќе биде домаќин ...
Vinted модната платформа со одлични деловни резултати
Vinted- модната платформа на која се продава и купува користена облека, лани оствари голем деловен ...