Под мотото „Освежи го својот дом“, во комплексот Борис Трајковски, Скопје, од 20 до 24-ти март ќе се одржува годинешното издание на Саемoт за мебел.
Во тек се последните подготовки за уште една успешна саемска приказна. Производителите на мебел ќе се претстават со над 70 истакнати домашни и интернационални брендови, а се најавуваат и големи саемски попусти.
Во комплексот „Борис Трајковски“ за Саемот се резервирани пет дена, за сите посетители да имаат можност да видат и одберат уникатни парчиња мебел за освежување на нивниот дом. Koнцептот и просторот за годинешното издание на Саемот на мебел се осмислени и адаптирани по највисоки стандарди. Освен мебел, на Саемот ќе бидат споделени и корисни совети за уредување, како и идеи за несекојдневни бои и насоки за одржливи материјали.
Саемот на мебел минатата година евидентира 15.000 посетители, што беше дополнителен мотив за организаторите веднаш да започнат со подготовките за годинешното саемско издание./M.M.
More in:Вести
Светскиот ден на семејството БИМИЛК го одбележува со семинар воден од д-р Ранко Рајовиќ
По повод одбележувањето на 15 мај – Светски ден на семејството БИМИЛК ќе биде домаќин ...
Vinted модната платформа со одлични деловни резултати
Vinted- модната платформа на која се продава и купува користена облека, лани оствари голем деловен ...
Можен ли е свет ослободен од пластика?
Директорот на Earth Day иницијативата за укинување на пластиката, Aidan Charron, има одговор на тоа ...
С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена
Годинешното издание на С.О.С. фестивалот е закажано на 15 јуни, со почеток во 20:00 часот, ...