Во пресрет на новогодишните празници, од 16 до 31 декември, на првиот кат на Skopje City Mall ќе бидат одржани три настани, со над 90 учесници.
Новогодишниот базар започнува утре, 16 декември, со еднодневен саем на македонската традиционална храна – „Домашно, природно, вкусно“, направена од жените од руралните простори, млади земјоделци и лица со попреченост. Иницијативата е во организација на Националната федерација на фармери и Skopje City Mall, поддржана од проект посветен на поддршката на пазарните врски за руралното население, со акцент на лицата со попреченост, жени од рурални простори и други ранливи групи&quot. Проектот се реализира со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, во рамките на проектот "Поддршка на диверзификацијата на економските активности во руралните подрачја на Југоисточна Европа (SEDRA II)".
На еднодневниот настан ќе се одржи и работилница за подигнување на свеста за предизвиците што ги искусуваат маргинализираните групи од руралните средини и предностите кои произлегуваат од инклузијата на жените и лицата со попреченост во социјалниот и економски живот.


Од 17 до 20 декември на истата локација, преку здружението „Природен мед“ ќе се претстават поединци со производи како: мед, маџун, производи направени од мед и пчелин восок, тартуфи, сокови, домашни мармалади, ладно цедени масла, ликери и природна козметика.
Новогодишниот базар продолжува со десетдневен настан на кој ќе се претстават над 50 ракотворци. Од 21 до 31 декември посетителите ќе можат да ја почувствуваат предновогодишната магија со уникатни производи на уметници кои создаваат модни додатоци и накит, новогодишни сувенири, колачиња во духот на претстојните празници, новогодишни украси, рачни везови и облеки за миленици./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.