Diamond Mall во пресрет на празниците подготви богата новогодишна програма која ќе се реализира во деновите на наредните три викенди и ќе содржи најразличен вид настани, бројни музички концерти и забавни активности.
Програмата започнува оваа сабота, на 16 декември, со неколку активности за најмладите кои ќе се случуваат во „Зоната на соништата“ (Dream zone). Таму децата ќе имаат можност да го завртат тркалото на среќата и да добијат подароци, да бидат дел од едукативна тура и да учествуваат во караоке забава со пињата. Вечерните часови се резервирани за концертот на музичката ѕвезда Лозано, кој од 21 до 22 часот ќе ги испее своите најголеми хитови.
Во недела 17 декември, најмладите ќе имаат можност да се радуваат на изведбата на нивните омилени песни од фестивалот „Поточиња“, по што ќе следува двочасовно шоу со маскоти, додека во „Зоната на соништата“ повторно ќе се организира Среќно тркало со подароци и караоке забава со пињата. Во попладневните часови, со почеток во 18.00 часот, квартетот „Авис“ ќе одржи празничен концерт.


Новогодишната програма продолжува и следниот викенд. Во саботата, на 23 декември посетителите во „Зоната на соништата“ ќе ги забавува магионичар, а ѕвездите на „Teen Camp“ ќе се дружат и ќе пеат со своите обожаватели. Во неделата, на 24 декември напладне предвиден е концерт на „Златно славејче“, а од 13 часот и концерт со најдоброто од групата „ДНК“, по што следува и магионичарско шоу во популарната „Зона на соништата“.
Новогодишната програма ќе заврши на 30 декември, со новогодишна музичка претстава на „Дајте музика“ што ќе почне на пладне, како и вечерен концерт на популарното дуо Пајак и Лара, кое ја одбележа годината што изминува./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.