Предстојната шангајска модна недела (Shanghai Fashion Week), што ќе се одржува од осми до 16 октомври, според штотуку објавената програма, ќе биде со незапамтено присуство на меѓународната модна индустрија. Предвидено е одржување на речиси 100 модни ревии, додека во активностите на модната недела низ Шангај е најавено учество на над илјада брендови.
Темата на годинешната SFW е ‘Synergy (Синергија), дефинирана како динамични врски кои во овој случај се однесуваат домашната и странска мода, на модата и технологијата, како и на екологијата и културата.
Годинава особено внимание привлекува дебитно на британската дизајнерка Stella McCartney, која на денот на затворањето на модната недела ќе има настап со својот, истоимен бренд. Ќе има и изложба на иновативни материјали, насловена како The Future of Fashion.
Врските на McCartney со SFW веќе се познати по AW23, кога таа соработуваше со прославената кинеска дизајнерка Shie Lyu,која исто така е на распоред, со колекција насловена како Land Mermaids.
Предвидени се бројни настапи на меѓународни компании како што е Kering Group, која ќе ја одржи својата трета церемонија за доделување на наградите
Kering Generation.
Harrods ќе ја претстави програма за менторство, посветена на одржливоста во материјалите, дизајност и малопродажбата преку концептотThe Harrods Hive, додека WWD China ќе биде домаќин на Глобалниот лидерски самит на модната индустрија ESG за 2023 година./М.М.