Штотуку завршеното јубилејно, 30. издание на „Охрид фест – Охридски трубадури“ потврди дека е докажан интернационален музички фестивал што низ музиката промовира, поврзува и оплеменува.

Изминатите три децении допре до над 200 милиони гледачи во педесетина земји во Европа и низ светот, а пејачи од 37 земји во Европа и светот на Фестивалот имаат изведено околу две илјади музички нумери.

Jimmy Sion – Грција

Вечерва, на Интернационалната вечер беа изведени 15 нови поп- песни, со кои настапиа: Божидар Волф, Дарко Капо и Зорица Андријашевиќ, Џими Сион, Срѓан Марјановиќ и Бане Видојевиќ, Гоца Тржан и Принц, како и Васил Гарванлиев. Публиката срдечно ги поздрави доајените од балканските простори, коментирајќи дека сцената на Долни Сарај ја исполниле силни емоции и моќни ноти.

Стручното жири на фестивалот за победник го прогласи Давид Миладинов со песната како денот да го претворам во ноќ додека публиката за свој фаворит го одбра Анџело, за песната Заувјек моја.

Охрид фест 2023 прва награда од публика: Анџело – “Заувјек моја”

На Неда Украден и беше доделена наградата за безвременскиот хит „Зора је“, а Дадо Топиќ е годинешниот добитник на наградата предвидена за ширење на музиката на Балканот.

Дадо Топиќ – Охрид фест 2023 ширење на музиката на Балканот

На првата вечер, посветена на фолк музиката, претставени се 19 новосоздадени песни – испеани од: Милован Секуловски, Игор Петковски, Павле Витанов, Јуле Николовска, Мирко Вретоски, Ансанбл Билјана, Ристе Наумовски, Татјана Стефановска, Даце Николовски, Марко Трпчевски, Петар Нечовски, Катерина Танева и групата „Сарај“, Перо Христов, Благица Павловска, Душко Георгиевски, Зуица Лазова, Нино Величковски и дуетите Татјана Лазаревска-Новица Василевски и Наум Петревски-Лилија Семкова. Во ревијалниот дел на вечерта настапи Сузана Спасовска.

Сузана Спасовска

Кате со група „Сарај“ и Душко Ѓорѓиевски се победници на 30-то издание од фолк вечерта на „Охрид фест“./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.