Модната куќа Zara ја претстави својата најнова мала колекција  Barbie, инспирирана од атмосферата создадена со филмот за најпознатата кукла во светот.

©ZARA

 

Barbie колекцијата на Zara е наменета за жени и за мажи, а освен облека и модни додатоци, вклучува и производи за убавина и опрема за домот. Розовите тонови се доминантни и се надополнети со црна и бела, како и со сребрени и златни допири.

Облеката е во стилот на класичната мода претставена во филмот, вклучувајќи го и розовиот фустан од гингам на Barbie и каубојскиот костум на Ken. Дизајнирана да биде разновидна, колекцијата овозможува сопственикот лесно да ги вгради новите парчиња во постојната гардероба.

Модната фотографка Nadia Lee Cohen ја сними кампањата во која учествуваат моделите: Daphne Groeneveld, Apolline Rocco Fohrer, Ceval Omar, Diane Chiu и Braien Vaiksaar.

За промоција на колекцијата и создавање на ново искуство што ќе ги одведе обожавателите во магичниот свет на Barbie, во Париз, во продавницата Zara Champs-Élysées и во Њујорк, во Zara Soho, отворени се поп-ап простори. Замаглувајќи ги границите помеѓу реалноста и имагинацијата, просторите на Dreamhouse се прошируваат во волшебното царство на Barbietopia. Преку низа екрани, посетителите можат да добијат целосна претстава за волшебниот свет на Barbie./М.М.

©ZARA

 

You may also like

Comments are closed.