Супермоделот Naomi Campbell на Инстаграм објави дека го дочекала своето второ дете, синот, споделувајќи слика на која таа и нејзината двегодишна ќерка се држат за рака со новороденчето, со коментар дека никогаш не е доцна да се стане мајка.
Супермоделот Naomi Campbell користела сурогат за да стане мајка. Личност блиска на ѕвездата за Mail Online откри дека новородениот син е добиен со сурогат мајка која со саботата се породила во Лос Анџелес. „Тоа беше изненадување за нејзиниот поширок круг откако на само неколку луѓе им кажа дека станува мајка по втор пат. „Одеднаш таа ги одложи работните ангажман затоа што требаше да биде во болница и да го пречека своето прекрасно машко бебе.
Campbell како да им пркоси на очекувањата околу возраста и мајчинството: за прв пат стана родител во 2021 година, на 50-годишна возраст. Иако не откри како, за британски Vogue потврди дека „таа е мое дете“. Сега повторно го направи истото.
Сепак, многу детали за нејзиниот приватен живот остануваат непознати. Campbell не ги објавува имињата на децата, ниту нивните родендени, а не говори ниту за евентуалните партнери во родителството.
Во интервјуто за Vogue од март лани, каде што со ќерката позираше на насловната страница, модната икона на CFDA, порача дека ги охрабрува своите пријатели да не исклучуваат деца – дури и ако за општеството се над очекуваната возраст. Campbell изјави и дека отсекогаш знаела дека еден ден ќе стане мајка, додавајќи дека „Тоа е најдоброто нешто што сум го направила“./М.М.