Веб-страницата за изнајмување Airbnb ја претстави куќата од соништата на Barbie и Ken (Barbie’s Malibu Dreamhouse). Розовата вила во Калифорнија е со диско на отворено, бесконечен базен и спална соба со тема од дивиот запад. Сместена на брегот на океанот, во западниот дел на Малибу, Калифорнија, според огласот на Airbnb куќата за кукли ја изнајмува Ken, партнерот на Barbie.

Barbie’s Malibu Dreamhouse ќе може да се резервира и изнајми од 21 јули, а резервациите ќе бидат отворени на 17 јули.

Airbnb истата куќа ја претстави и во 2019 година, по повод 60. роденден на Barbie, а неодамна е преуредена, за повеќе да наликува на простор на Ken. Сето е во рамките на одбележувањето на дебито на Barbie на големото платно, преку актерката Margot Robbie, во главната улога.

Големата куќа покрај океанот располага со розова спална соба, уредена во стилот на дивиот запад, а во плакарот можат да се видат и користат каубојските кошули со реси и гитарата на Ken. Дел од облеката на Barbie, вклучително и розовите чевли со високи потпетици со пердуви, исто така се во плакарот и можат да бидат позајмени.

На една од многуте тераси  гостите можат да го користат подиумот за танцување во розова, виолетова и жолта боја, како и целосно опремената сала за вежбање.

Од приходите од издавањето на куќата ќе бидат издвоени средства и донирани за хуманитарната организација Save the Children./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.