Пробиотиците се најдоброто нешто што можете да го направите за вашата цревна микрофлора, која е важна за апсорпција на хранливите материи, за метаболизмот, линијата и целокупното здравје.
Она што внесуваме во организмот е пресудно за тоа како се чувствуваме. Хранливата и енергетска храна и пијалоци ја даваат потребната енергија, за да останеме витални и во добра психофизичка состојба. Но, дали знаеме дека она што го јадеме може да има значително влијание врз состојбата на целиот организам?
Ако се чувствувате постојано уморни, зад тоа може да стојат многу причини, а една од нив е храната. Доколку чувствувате тегоби во пределот на стомакот или имате чувство на постојана подуеност, тогаш сигурно причината е храната. Некои видови храна, по консумирањето може да предизвикаат дури и болка, особено кај чуствителен и раздразлив дигестивен систем.
Големите физички и ментални предизвици на времето во кое живееме имаат силно влијание врз нашиот имунитет. Затоа, постојано бараме начини како да ги зајакнеме природните одбранбени механизми на телото, без несакани нуспојави. Истражувањата поврзани со потрагата по природна поддршка на имунитетот, против вирусни инфекции, се повеќе се фокусирани на еден од најмоќните природни имуномодулатори – пробиотиците.
Пробиотиците дејствуваат на создавање рамнотежа во дигестивниот систем. Ова го потврдува и клиничката студија направена за јогуртот Баланс+ во која е следена состојбата на повеќе учесници со симптоми на тегоби во дигестивниот систем и, воопшто, нарушена рамнотежа како реагираат на редовното консумирање од овој јогурт.
Според резултатите од студијата, по само 10 дена редовното внесување 500 грама Баланс+ во исхраната, во еден или два оброка, работата на целиот дигестивен систем се регулира. Ова се постигнува благодарение на пробиотските култури: Lactobacillus acidophilus и Bifidobacterium и пребиотикот олигофруктоза, застапени во Баланс+ , кои влијаат и го подобруваат метаболизмот и варењето на храната.
Пробиотиците се најдоброто нешто што можете да го направите за вашата цревна микрофлора, која е исто така важна за апсорпција на хранливите материи, за метаболизмот, линијата и целокупното здравје.
Со ваква грижа за исхраната и внесување Баланс+ се воспоставува дигестивна рамнотежа, од каде започнува општото здравје во што Баланс+ е важен сојузник на добро варење и рамнотежа во организмот. Воспоставениот баланс и регулираниот дигестивен систем влијаат врз општата психофизика состојба на организмот.
Повеќе информации и детали за резултатите од студијата достапни се тука.